Албанија и Европската Унија потпишаа договор за соработка помеѓу Тирана и Фронтекс, европската погранична агенција, за заедничка гранична управа.

Целта на овој договор е да се подобрат контролите на надоврешните граници на Европската Унија во контекст на политичка криза поради илегалните миграциски текови кон ЕУ. Со овој договор европската гранична служба ќе може да презема мерки на албанските граници како и на оние на нејзините соседи, но ЕУ ќе може да интервенира и на албанска територија, под услов Албанија да се согласи.

-Миграцискиот и безбедносниот предизвик не застанува на нашите надворешни граници, а не треба ни ние да застанеме. Европа која штото е Европа која работи заедно со земјите партнери во нејзиното соседство и подалеку, изјави еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос и додаде дека се надева дека ова ќе го отвори патот за поголема соработка со целиот западнобалкански регион.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 11:38