Албанската министерка за одбрана Олта Џачка, на состанокот на министерите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, упатила покана до првите луѓе на алијансата и нејзните колеги, еден од состаноците на идентично ниво следната година да се одржи во Тирана.

- Задоволство ќе ни биде еден од состаноците на министерите за одбрана на земјите членки на НАТО да се одржи во Тирана, на десет годишнината од членството на Албанија во алијансата, изјавила Џачка.

Таа поканата ја упатила во присуство на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, и според албанските медиуми, добила начелна согласност.

Состаноците на министерско ниво на земјите членки на НАТО се одржуваат трипати годишно.

Инаку, на министерскиот состанок, Џачка, ја потврдила решеноста на албанската влада, да издвои два отсто од БДП за одбраната до 2024 година,како и определбата на нејзината земја да продолжи со ангажираноста во мировните мисии.

На одвоените средни што ги имала со Матис и Столтенберг, тие високо ја оцениле ангажираноста на Албанија во мировните мисии.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 13:13