Голманот на Бешикташ, Лорис Кариус, уште еднаш се најде на удар по новата голема грешка.

Голманот, кој стана светски познат по своите киксови на голот на Ливерпул за време на финалето на Лигата на шампионите, сега направи нешто слично на натпревар во Лига Европа со Малме. При обид за центар-шут оддесно на Андреас Виндхајм, тој дозволи топката да му помине над рацете и отиде директно во мрежата.

На социјалните мрежи се пишува за „најдолгиот мозочен удар во историјата“. По финалето на Реал Мадрид од кампот на Ливерпул го нападнаа Серхио Рамос, обвинувајќи го за предизвикување мозочен удар на Кариус.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 13:39