Во Вашингтон вчера се одржаа протести против Брет Кавано, кандидатот предложен од Доналд Трамп за Врховен судија на САД. На нив се придружија бројни славни личности, а полицијата приведе околу 300 демонстранти, меѓу кои и манекенката Емили Ратајковски и глумицата Ејми Шумер.

- Бев приведена денеска на протестите против кандидатот за Врховен судија Брет Кавано, човек кој е обвинет од повеќе жени за сексуално злоставување. Човек што е непримерен кон жените не може да биде на така моќна функција. Потврдата на неговата кандидатура е порака кон жените во оваа земја дека не се важни. Барам Владата да ги почитува и поддржи жените еднакво како и мажите, напиша Ратајковски на својот Инстаграм по пуштање од полиција.

Досега три жени го обвинуваат Кавано за сексуален напад. Едната од нив ја застапува адвокатот Мајкл Авенати, кој ја застапува и порно глумицата Сторми Даниелс, која, пак, судски се обидува да го поништи договорт со американскиот претседател Доналд Трамп за молчење за наводната врска со него пред повеќе од десет години.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 14:08