Најголемата албанска опозициска Демократска партија порача дека ниту побарала ниту ќе побара пазарење со премиерот Еди Рама и оти целта на седумте точки во платфромата на опозицијата за ветингот е спроведување на Уставот.

- Опозицијата не побара и никогаш нема да побара пазарење со Еди Рама! Седумте точки на опозициската платформа единствено имаа за цел спроведување на Уставот. Еди Рама не го сака тоа, бидејќи ги поддржува бандите и е главен непријател на владеењето на правото, се наведува во партиското соопштение.

Реакцијата следува по усвојување од страна на Парламентот, без присутсво на опозицијата, на одлуките за зголемување на буџетот и членовите на новите органи за ветингот, односно проверката на потеклото на имотот на судиите и обвинителите.

Во соопштението се наведува дека Социјалистичката партија амандманите предложени од опозицијата ги усвоила со едногодишно задоцнување „за да не ги намали финансиските средства за органите на ветингот“.

- Социјалиситичката партија пред една година ги отфрли амандманите предложени од опозицијата, за да сега без никаква измена ги прифати истите.Одлука на Рама беше за 40 отсто да го намали бројот на советниците и помошните органи за ветингот. По една година Рама денеска ги врати амандманите на опозицијата, за да го затскрие фактот дека тоа го правел намерно со цел да го попречи брзото функционирање на ветингот, констатира ДП во соопштението.

Според демократите, Владата на Еди Рама не може да ги затскрие врските со организираниот криминал со двегодишното доцнење на реформите во правосудството.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 14:10