Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одобри три кандидатури за организација на зимските Олимписки игри во 2026 година.
Извршниот комитет на организацијата ги разгледа препораките по направените инспекции на кандидатите и даде зелено светло на Калгари (Канада), Стокхолм (Шведска) и италијанските Кортина Д'Ампецо и Милано да ја продолжат борбата за домаќинство, откако го отфрли барањето на турскиот град Ерзурум.
Вкупно седум беа кандидатите за Игрите во 2026 година, но Сион (Швајцарија), Сапоро (Јапонија) и Грац (Австрија) се откажаа во последниве месеци поради премногу големите трошоци и отпор од страна на локалните жители.
ИОК ќе ја потврди одлуката подоцна денеска на седница во Буенос Аирес.
Домаќинот на Зимска олимпијада 2026 ќе биде одреден во септември следната година.