Во општина Бутел денеска се одржа првата Детска олимпијада за дечињата од градинките на нејзина територија.
Детските спортски игри се оджаа по повод „Неделата на детето“, но и во пресрет на патрониот празник на ЈУ Градинка „11 Октомври“.
На спортската олимпијада учествуваа над 200 дечиња од сите шест објекти (клонови) на ЈУ „11 Октомври“, кои се натпреваруваа во протнување, прерипување на пречки, скокање во обрач, хулахопот се движи, колут, качување по скали и влечење на јаже.
Најмалите спортисти беа бодрени од многубројната публика од родители, баби и дедовци, учителки, како и од градоначалникот Велимир Смилевски кој беше покровител на оваа манифестација, соопшти општина Бутел.
Дечињата беа бодрени и од младите спортисти кои во минатото биле згрижени во градинката „11 Октомври“ - Ана Јаневска – младинска рекордерка на Мекедонија во пливање, Кристијан Гурмишевиќ – македонски младински ракометен репрезентативец и др.
На крајот сите беа победници и добија по еден златен медал од градоначалникот Велимир Смилевски.