Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевскки додели 66 смарт таблети во СОСУ „Илинден“ по повод новогодишните и божиќните празници.

Како што соопшти Општина Илинден, Георгиевски истакнал дека оваа иницијатива е во согласност со неговите заложби и посветеност кон модернизацијата на образованието и обезбедување на најдобрите услови за учење и развој на учениците.

- Таблетите ќе бидат искористени за пристап до најновите едукативни апликации, дигитални учебници и други материјали кои ќе го направат учењето поинтересно и попријатно и ќе им помогнат на учениците да ги доразвијат своите дигитални вештини кои се клучни во ова време на дигитализација, посочил Георгиевски, додавајќи дека локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2024 11:15