Главен безбедоносен проблем на Србија и најголемата закана за мирот се обидите за создавање на „Голема Албанија“, нова држава која би морала да ја опфати територијата на денешна Албанија, делови на Србија, Македонија, Црна Гора, како и еден дел на Грција, изјави денес српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Говорејќи на панелот „Регионална стабилност“ на конференцијата „Кон побезбедна Србија“, Вулин наведе дека суштинско прашање за безбедноста на Србија и на регионот е прашањето за создавање на „Голема Албанија“.

- „Голема Албанија“ е тоа што предизвикува длабока нетрпеливост и голема загриженост. Отсуството на реакција на меѓународната заедница на нејзиното создавање е нешто што не загрижува. Тоа е најсериозна закана за мирот на Балканот. Создавањето на нова држава, држава која за да се формира мора да го опфати просторот на денешна Албанија, делови на Србија, Македонија, Црна Гора, како и еден дел на Грција, изјави министерот за одбрана на Србија.

Вулин оцени дека во ЕУ и на меѓународните форуми многу малку се зборува за изјавите на косовскиот претседател Хашим Тачи дека „Албанците го сонуваат сонот за обединуње“, на албанскиот премиер Еди Рама дека „Косово и Албанија треба да имаат заеднички претседател“, како и на албанскиот претседател Илир Мета за границите како главен безбедносен проблем на Балканот.

- Конфликтите на Балканот повторно заживеат ако некој се обиде да го реши албанското национално прашање и да ги игнорира сите други национални прашања. Секој обид на Србите за формулирање на нивните интереси и нивното право на постоење наидуваат на осуда, па дури и за банални причини како што беше заминувањето на претседателот Александар Вучиќ да отвори болницата, рече Вулин.

Според него, посетата на претседателот Вучиќ на Источно Сараево намерно се толкува како мешање на Србија во „животот на некои други“.

- Легитимното право на Србија е да се грижи за своите сонародници каде и да живеат. Да не се меша кај останатите и да ги менува границите, туку да се грижи за Србите, без разлика каде живеат, истакна Вулин додавајќи дека Балканот е „буре барут“, но дека запалката не се наоѓа на Балканот, ниту пак некогаш била на Балканот.

На Конференцијата „Кон побезбедна Србија“ говореа и претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерката Анан Брнабиќ и повеќе министри во српската Влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 16:48