Мотоциклистот на Дукати, Хорхе Лоренцо, се уште размислува дали да настапи на трката за Големата награда на Тајланд, откако денеска за време на тренингот имаше сериозен инцидент.

Лоренцо падна додека возеше на патеката, а потоа беше пренесен во болница, каде беше утвредено дека нема скршеници и дека поминал со нагмечувања и модринки.

Тој во Тајланд дојде недоволно заздравен, откако пред десетина дена на трката во Арагон исто така имаше инцидент во кој се повреди.

- Доколку сега ме прашате дали би возел, би ви рекол не. По овој пaд и претходната повреда изгледа полошо, сега не беше ништо скршено но сепак чувствувам болка. Засега би рекол не, но не сакам да избрзувам и ќе почекам утре да донесам конечна одлука, истакна Лоренцо.

Според шпанскиот возач причина за неговиот пад е механички проблем на неговиот мотоцикл, но од тимот на Дукати сметаат дека инцидентот се случил поради грешка на Лоренцо.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 19:26