Рускиот борач Хабиб Нурмагомедов изјави дека борбата со Ирецот Конор Мекгрегор станала лична поради дрското однесување на противникот.
- Конор може да говори што сака. Никому не му е грижа за тоа. Но, кога ќе влеземе во рингот ќе видиме што ќе зборува. За мене ова е повеќе од одбрана на титулата. Работите станаа премногу лични, истакна Нурмагомедов.
Вербалните препукувања меѓу двајцата траат со денови, а провокациите ескалираа на задолжителното мерење кога беше избегнат посериозен инцидент.
- Ова е повеќе од борба и нема да биде готово додека не му ја откинам главата. Жив ќе го изедам, наведе Мекгрегор.
Двајцата изјавија дека нема да се ракуваат по борбата, која ќе се одржи во раните утрински часови во недела.