„Вардар“ на домашен терен со 29:27 го совлада „Рајн Некар Левен“ во рамки на четвртото коло од Лигата на шампионите.

Во првите 15-тина минути од натпреварот имаше релативно израмнета контрола на теренот во која се играше гол за гол. „Рајн Некар“ ги искористи грешките на вардаровите ракометари и до крајот на првото полувреме воспостави минимална предност, а на паузата резултатот беше 12:15.

Во почетокот на второто полувреме „Вардар“ израми и успеа да поведе и притоа го постави гостинскиот тим во позиција да ја намалува резултатската негатива.

„Црвено-црните“ успеваа да ја одржуваат минимална предност од два до три гола, која ја задржаа до крајот на натпреварот и реализираа победа од 29:27.

Голманот Дејан Милосављев имаше одличен настап, особено во второто полувреме со седум одбрани, а заедно со четирите од првото полувреме реализираше вкупно 11 интервенции.

Тимур Дибиров со осум погодоци беше најефикасен и еден од најзаслужните за победата.

„Вардар“ во следното коло му гостува на „Кјелце“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2018 20:45