„Работнички“ со убедлива победа од 44:94 против „АВ Охрид“ ја почна одбраната на шампионската титула.

Избраниците на Марин Докузовски уште во првата четвртина ја оправдаа фаворитската улога и рутински дојдоа до победа на гостувањето во Охрид.

Гостите од Скопје на полувремето имаа недостижна предност од 22:43, која до крајот на натпреварот ја зголемија на 50 поени (44:94).

Во тимот на „Работнички“ најефикасен со 16 поени беше Кирил Николовски, а Чавдар Костов и Виктор Ефремовски постигнаа по 12 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 10:36