Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трка за Големата награда на Јапонија.

Актуелниот шампион беше најбрз на патеката „Сузука“ и ова за него е деветта победа сезонава или вкупно 71 во кариерата.

На втората позиција заврши неговиот клупски колега Валтери Ботас, додека трет низ целта мина Макс Ферстапен од Ред Бул.

Хамилтон останува на лидерската позиција во генералниот пласман и сега има 331 бод, додека неговиот најголем ривал во борбата за титулата Себастијан Фетел од Ферари има 264 , а денеска трката ја заврши на шестото место.

Следната трка во Формула 1 шампионатот се вози на 21 октомври за Големата награда на САД во Остин, Тексас.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 11:59