Возачот на Репсол хонда, Марк Маркез, победи на трката за Големата награда на Тајланд.

Актуелниот шампион во неизвесна трка, во која победникот не се знаеше се до последните метри од патеката во Бурирам, беше побрз од единствениот конкурент за титулата Андреа Довициозо од Дукати.

Трет трката ја заврши возачот на Јамаха, Маверик Вињалес, а неговиот клупски Валентино Роси го освои четвртото место.

Со оваа победа Маркез ја зголеми предноста во генералниот пласман и сега има 271 бод, пред Довициозо со 194, додека на третата позиција е Роси со 172 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 12:51