Данската тенисерка Каролина Вознијацки победи на турнирот во Пекинг.

Таа во финалето ја совлада Анастасија Севастова од Латвија во два сета со 6:3, 6:3.

Натпреварот траеше околу 90 минути, а искусната данска тенисерка не дозволи да биде изненадена.

За Вознијацки ова е трета титула оваа година, а вкупно 30-та во кариерата.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 13:53