Грузискиот тенисер Николоз Басилашвили победи на турнирот во Пекинг, откако во финалето го совлада фаворизираниот Хуан Мартин дел Потро од Аргентина.

Басилашвили го изненади четвртиот тенисер во светот и по еден час и 41 минута игра го освои трофејот во два сета со резултат 6:4, 6:4.

Дел Потро за пласманот во финалето ќе добие нови 150 бодови и ќе го задржи четвртото место на АТП листата. Басилашвили во моментов е на 34-то место, а освен титулата утре ќе се искачи на 23-та позиција на АТП листата, што пак е рекорд во неговата кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 17:09