Во тек е Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2018 година.
Повикот почна на 25 септември годинава и трае 60 календарски дена од денот на објавувањето, заклучно со 22 ноември 2018 година. Се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.
Со овој повик, Град Скопје ќе им надомести дел од трошоците на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците во износ од 1.000 денари. На јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.
За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да достави неколку документи. Тоа се барање за надомест, кое може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk), како доказ за жителство во Град Скопје треба да се достави фотокопија од лична карта или пасош.
Правните субјекти треба да достават тековна состојба не постара од шест месеци, треба да се достави и потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот. Потребна е фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности). Фискалната сметка треба да биде издадена во периодот од почетокот на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и треба да се достави фотокопија од трансакциска сметка/жиро-сметка.
Барањето за искористување на правото за надомест на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да се достави во затворен плик до Град Скопје, бул. „Илинден“ бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 8:30 до 15 часот.
Заинтересираните повеќе информации за јавниот повик може да добијат на следната интернет врска - www.skopje.gov.mk/Uploads/Јавни Повици/Јавен повик - оџаци-.doc 24.09.18.pdf
Барањето за надомест може да се преземе на следната интернет врска http://www.skopje.gov.mk/Uploads/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D1%86%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%202018.doc