Еден од најдобрите шутери во Европа, Џејси Керол, го продолжи договорот со Реал до 2020 година, објавија на веб-страницата на клубот.

Одличниот американски кошаркар, за разлика од неговите сонародници ширум Европа, игра во истиот тим веќе осма сезона, со која лани стана шампион, по Ф4 турнирот во Белград.

До титулата во елитното натпреварување, Керол му помогна на гигантот од Мадрид со 9,4 поени во просек, но со одличен процент од три поени - 45,8 отсто.

Вкупно со Реал освои 16 трофеи, меѓу кои и два од Евролигата и три титули шампион на Шпанија.

Керол (35) претходно играше за италијанскиот клуб Терамо и шпанска Гран Канарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2018 15:48