Стивен Сигал драматично го прекина интервјуто за Би-би-си по прашање околу обвинувањата за сексуално злоставување.

Ѕвездата од боречките акциони филмови имаше вклучување во емисија во живо, па кога водителката Кирсти Варк го потсети на случката со обвинувањата за сексуално злоставување, и како се справува со тоа, тој не дочека таа ни да го доврши прашањето, па веднаш се тргна од кадар.

Повеќе жени го обвинија Сигал за злоставување, меѓу кои и актерките Реџина Симонс и Џулијана Маргилес.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2018 17:15