Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, следната година ќе посети три земји на Западен Балкан. Тоа го нагласи црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ по состанокот со папата.
Во изјава за Радио Телевизија на Црна Гора (РТЦГ), Ѓукановиќ не прецизира кои се тие земји, но рече дека на таа турнеја не е вклучена посета на Црна Гора од страна на папата.
Сепак, црногорскиот претседател рече дека „нема дилема" дека поглаварот на Римокатоличката црква по турнејата во регионот „ќе најде време да ја посети Црна Гора и на тој начин да покаже почит кон огромниот морален капитал што го има Црна Гора, а тоа е квалитетот на мултикултурната и мултиетнички фонд".