Врховниот суд на Грција денеска почна истрага за можна злоупотреба при управување со европски средства, дадени на земјата за справување со мигрантската криза 2015-2016 година.

Истрагата, која досега беше „предистражна“, е доверена на финансиското обвинителство, според извор од суд.

До истрага дојде по серијата написи во проопозициските медиуми, за лошо управување и можно пренасочување на европските фондови од страна на владата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2018 18:40