Социjалната мрежа „Гугл плус“ ќе биде ставена вон функција, откако во март беше откриена аномалија, што можеби ги изложила на опасност личните податоци на скоро половина милион корисници, соопшти компанијата на својот блог.
Во „Гугл плус“ автоматски се вклучува секој што има профил на „Џи мејл“.
Според „Волстрит Џурнал", овој пропуст им овозможил на 438 надворешни апликации без дозвола да собират податоци за корисниците, како што се имиња, и-мејл адреси, професија, пол и возраст.
Компанијата истакнува дека нема наводи за злоупотреба на податоци.