Со оградување на парцелата нешто после полноќ градежна механизација почна со изградбата на висококатница на зелената површина кај Мајчин дом во Аеродром.
Жителите на Аеродром се револтирани, бидејќи токму стопирањаето на градбата на оваа висококатница беше едно од главните ветувања на Градоначалникот Златко Марин со кое дојде на власт во оваа скопска општина.