Жителите на општина Аеродром револтирани од започнувањето со градната на висококатницата на парцелата кај Мајчин дом во 17 часот ќе излезат на протест пред градилиштето.
Како што се најавува во евентот кој за кратко се прошири на социјалните мрежи во 18 часот ќе играат „серва“ пред општината со цел да пратат порака до надлежните дека не остана ниту едно место во Аеродром за спорт и рекреација.