Со пригодна свеченост на која присуствува политичари,дипломати, историчари,претставници на дипломатскиот кор и медиумите одбележана е 90-годишнината од прогласувањето на Кралството Албанија.

Во септември 1928 година за првпат Албанија стана монархија,чиј основач беше Ахмет Зогу,по одлуката на уставната асамблеа за формирање демократско парламентарно кралство. Претходно од 1922 до 1924 бил премиер, а од 1925 до 1928 претседател на Албанија.

Заклетвата Ахмет Зогу ја дал врз Библијата и Куранот. На тронот останал до 7 април 1939 година, кога Албанија потпадна под италијанска окупација,по што тој ја напуштил земјата.

На свеченоста неговиот внук пинцот Лека Втори меѓу другото рече дека кралското семејство дало голем придонес во развојот на земјата,додека до актуелните политичари упати апел за поголема ангажираност за граѓаните.

Претседателот Илир Мета рече дека истријата и нејзините најпозитивни вредности треба да се почитуваат.

-90-годишнината од создавањето на Кралството Албанија, претставува моментот за да се погледне со реализам и објективно на настаните кои ја изградија современата албанска држава и нејзините институции, да се фокусираме на најпозитивните вредности и придонеси од секој период на нашата земја, посебно денес, за да изградиме подобра иднина за нашата младина,- посочи Мета.

На свечесноста присиствуваше и косовскиот премиер Рамуш Харадинај со сопругата.

Инаку, Ахмед Зогу со сопругата и синот Лека први,кој бил шесмесечно бебе по напуштањето на Албанија, најпрвин побегнал во Египет од каде дошол во Велика Британија и со своето семејство живеел во Лондон, а извесно време во 1941 година и во Бакингемшир. По Велика Британија, тој се преселил во САД каде што во 1951 година го купил имотот Нолвуд во Мутонтаун за 102.800 долари, но многумина сметаат дека за 60-собниот имот како замок платил со вреќа полна со дијаманти и рубини. Во 1955 година тој го продал имотот.

Неговата конечна животна дестинација е Франција. Таму живеел до крајот на својот живот. Во 1961 година бил пренесен во болница каде што на 9 април починал на 76-годишна возраст.

Моштите на кралот Ахмет Зогу вратени беа во Албанија во ноември 2012 година и со сите почести, беа погребани во кралскиот Мавзолеј во Тирана, Одлука за враќање на моштите донесе албанска Влада по повод одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија - 28 ноември, додека иницијатива за враќање на останките на кралот покрена Движењето за легалитет.

Кралското семејство,односно престолонаследникот Лека први,кралицата мајка Гералдина, неговата сопруга и синот Лека втори, во 2002 година се вратија во Албанија од егзил.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 15:55