Во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, се врши вонреден надзор откако во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) родител на дете кое ја посетува градинката испратил писмо во кое се тврди дека негователките несоодветно и дрско се однесуваат со децата.

Вонредниот надзор го врши Одделението за инспекциски надзор на дејноста заштита на децата при МТСП.

Министерството итно реагираше со цел да го расветли случајот во најкраток можен рок.

Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани.

- Министерството нема да толерира какво било несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај, соопштија од МТСП.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 16:39