Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека српските компании се добредојдени во Албанија, но не и во стратешкиот сектор како што се телекомуникациите.
-Ставот на албанската влада е многу едноставен и јасен: српските компании се добредојдени во Република Албанија, но не е и во овој стратешки сектор. Иако албанската Влада не е дел од трансакцијата што ќе ја направи една приватна компанија,како Дојче телеком,која се повлекува од малите пазари и врши продажба не само во Албанија туку и во други земји,сепак ова е еден стратешки сектор и природно е албанската влада да се праша и од неа да се побара став –изјави Рама на новинарско прашање на прес-конференција по седницата на владата на која презентираше неколку владини одлуки.
Сепак тој не одговори на дел од прашањето дали околу ова прашање разгобварале со српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој вчера изјави дека ќе разговара со Рама во врска сто тоа дека Телеком Србија не е добредојдена во Албанија и искажа надеж дека “таа ситуација ќе биде решена“.
За „Телеком Албанија“,кој е втор најголем оператор во Албанија и е во сопственост на „Дојче телеком“, беа заинтересирани две бугарски компании и „Телеком Србија“ кој понудил 60 милиони што се сметаше за најповолна понуда.