Активна соработка за унапредување на деловното опкружување, благосостојба и просперитет, со приоритет на спроведување на иновативно креативната платформа „Градиме здрава, зелена и безбедна иднина - Безбедна животна средина во локалната заедница - Take green action”, е целта на Меморандумот што го потпишаа денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Вјекослав Танасковиќ.

Како што истакнаа градоначалникот и деканот, заедничките активности ќе се спроведуваат преку организирање специфични проекти со цел поттикнување одржлив развој и во руралниот и во урбаниот дел на општината при што, приоритет ќе има иновативно-кариерното вклучување на студентите.

Првиот од заедничките проекти ќе се одржи во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид лоцирано во Кисела Вода. Настанот е закажан за 15 октомври, по повод Светскиот ден на храна, а ќе биде под мотото „Ајде да садиме, здрава и органска иднина да градиме“. Со настанот ќе се одбележи и Денот на белиот стап - Меѓународниот ден на слепи и лица со оштетен вид.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 16:47