Словенечкиот Парламент денеска ја отфрли кандидатурата на Примож Доленц за гувернер на Централната банка откако поголемиот дел од партиите во дебатата се изјаснија против.

Доленц, кој е заменик-гувернер на Централната банка од 2016 година, беше номиниран за функцијата минатиот месец од страна на претседателот Борут Пахор, но доби поддршка од само 30 пратеници, а 39 гласаа „против“.

Словенија го загуби гласот во Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) во април, кога поранешниот гувернер на словенечката Централна банка Боштјан Јазбец се повлече од функцијата. Земјата ќе го врати својот глас во ЕЦБ само по изборот на нов гувернер на Централната банка.

Претседателот, најверојатно, ќе понуди нов кандидат во следните недели, иако нема законски рок за избор на гувернер, пренесува БТА.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 19:50