Години наназад парфемот на Коко Шанел, „Шанел 5“ беше неменлива класика, но сепак дојде време за промени - мали, но воочливи.
Имено, се работи за нов дизајн на шишенцото, што доби нови, црвени и црни нијанси. Сето тоа за да потсетува на женственост, страст и класичен стил. Новата линија е во ограничен број и во три интензитети.
Новите 255 „Шанел 5“ шишенца од т.н. „црвено издание“ излегуваат на пазарот на 1 ноември годинава.