Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го започна Мастерсот во Шангај.
Тој во второто коло со 2:0 во сетови го совлада францускиот тенисер Жереми Шарди.
- Многу сум среќен што играм на високо ниво. Мислам дека сум многу блиску до мојата најдобра форма. Тежнеам секој ден да бидам што подобар и денешниот настап беше во таа насока, истакна Ѓоковиќ по натпреварот.
Во следното коло српскиот тенисер ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу Марко Чекинато и Хјеонг Чунг.