На грчкиот остров Крит денеска ќе се одржи 6-та трилатерална лидерска средба Грција-Кипар-Египет, на која ќе учествуваат грчкиот премиер Алексис Ципрас, кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и египетскиот претседател, Абдел Фатах ал Сиси.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека заедно со Ципрас во состав на делегацијата ќе бидат и министрите за надворешни работи, за енергија и животна средина, за дигитална политика, како и замениците министри за надворешни работи, за економија и развој и за труд.

Предвидено е Ципрас да има билатерални средби со претседателите на Кипар и Египет и да биде потпишан договор и меморандуми за соработка меѓу трите земји.

Состанокот ќе заврши со прес-конференција и работен ручек.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 09:01