Македонските писатели Петко Шипинкаровски и Мирјана Стојановска од денеска до 14 октомври ќе учествуваат на Саемот на книгата во Франкфурт, Германија.
На манифестацијата ќе бидат промовирани романот „Утринска молитва“ на Шипинкаровски и поетската збирка „Бегалци од својот дом“ на Стојановска. Поетски портрет ќе има и македонската поетеса Костадинка Коца Ѓорѓевска, која живее и работи во Германија. Ќе биде премовиран и новиот број на книжевносто списание „Бранувања“ од Струга што деновиве излезе од печат.
Македонските писатели на годинашниот Саем на книгата во Германија учествуваат на покана на Друштвото на писателите „Седумка“ од Франкфурт, кое има соработка со здружението „Бран“ од Струга.