Во канадскиот град Калгари на 13 ноември ќе се одржи референдум на кој жителите на градот ќе треба да одлучат дали ќе ја прифатат апликацијата за учество во трка за домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 година.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одобри три апликации за ЗОИ 2026. Во потесен круг влегоа Калгари, италијанскиот Милано со Кортина Д’Ампецо и шведскиот Стокхолм.

Калгари еднаш веќе беше домаќин на Зимски олимписки игри – во 1988 година, додека Кортина Д’Ампецо во 1956 година.

Одлуката за домаќин на Зимската олимпијада 2026 ќе биде познат во 2019 година.

Следните Зимски олимписки игри ќе се одржат во Пекинг, Кина.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 11:11