Директор за трки на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Чарли Вајтинг соопшти дека тимовите не најдоа заеднички јазик за проширување на местата кои носат бодови на трките во Формула 1 за сезоната 2019.

Беше предложено зоната на бодови да се прошири од 10. на 15. место. Во овој случај, десеттата позиција би носела најмалку шест бода, а исто така би се зголемиле и бодовите за првото место.

- Беше дискутирано на оваа тема. Доколку сите тимови се согласија со оваа опција, ќе го разгледавме неговото воведување уште во 2019 година. Сепак, генералното мислење на тимовите е дека не се прифаќа промената во бодувањето, изјави Вајтинг.

Ова е многу важна одлука и евентуална промената во бодувањето би важела во следните 10 години, па затоа сакаме консензус по ова прашање со цел да не се навраќаме на него повторно, додаде Рос Браун, спортскиот директор на Ф1.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 13:11