Секој трет ден еден човек во Црна Гора извршува самоубиство, а државните аптеки годишно продаваат по околу 300.000 пакувања антидепресиви и други средства за смирување, пишува подгоричкиот весникот „Вјести“.
Според податоците на полицијата, просечно 130 лица во Црна Гора секоја година извршуваат самоубиство, додека според статистиката на Светската здравствена организација, бројот на самоубиства во Црна Гора е за половина помал.
Од почетокот на август годинава се регистрирани 59 самоубиства. За шест години, од 2013 до 2018 година, во Црна Гора имало вкупно 711 самоубиства.