Замениците-министри за надворешни работи на Русија, Кина и Северна Кореја по трипартитни консултации во Москва, повикаа на преразгледување на санкциите на Советот за безбедност на ОН кон Пјонгјанг, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
- Со оглед на важните чекори што ги презема Северна Кореја за денуклеаризација, се потврдува заедничката позиција против едностраните санкции. Трите земји сметаат дека денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров мора да биде постепена и синхронизирана, се додава во соопштението.