Во моментов нема предуслови за завршување на војната во Украина или која било од нејзините фази, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија е подготвена за преговори за решавање на ситуацијата во Украина.

Тој истакна дека преговорите треба да бидат насочени кон елиминирање на основните причини за кризата и да се земе предвид реалната состојба на теренот.

Лавров потсети дека рускиот пристап за решавање на конфликтот го претстави рускиот претседател Владимир Путин во јуни.

Според овие услови, Москва веднаш ќе го прекине огнот и ќе изрази подготвеност за преговори по повлекувањето на украинските војници од териториите кои се прогласени за нови региони на Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2024 21:41