Себастијан Фетел верува дека неговата презентација и таа на Ферари не одговара на можностите со кои располага тимот. Четирикратниот светски шампион не се предава и е амбициозен до крајот на сезоната, до која остануваат четири трки, а од „Скудерија“ според него, треба да покажат на што реално се способни. Големата ѕвезда на Мерцедес, Луис Хамилтон веќе има удобна предност од 67 поени пред Фетел, откако освои шест од последните седум натпревари. Во голема мера Британецот беше потпомогнат од грешките на единствените ривали за титулата - Ферари и Фетел. - Според мене имаме голем потенцијал како тим. Последните натпревари не поминаа така како што сакавме, но такви работи се случуваат во мотоспортот. Битката е за секоја секунда и се случуваат грешки или оштетувања. Знам какви луѓе работат во Ферари и колку амбициозни се тие за да забележуваме победи. Јас сум силно мотивиран во преостанатите трки да покажеме на што сме способни и да се вратиме на победничкиот пат, изјави Германецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 16:29