Носителот на 14 Гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ може да влезе во историјата уште еднаш, ако успее да направи неверојатното враќање на врвот на светската листа до крајот на 2018 година. Тоа може да се случи дури и во Шангај, иако за оваа намена Ѓоковиќ мора да ја освои 32. „Мастерс“ титула во неговата богата кариера. Како што е познато, Ѓоковиќ е фаворит да ја заврши годината на врвот, бидејќи нема поени за бранење, а пак Рафаел Надал поради повреда загуби 1.100 поени од турнирите во Пекинг и во Шангај. При ситуација Србинот навистина да ја заврши 2018 година како број еден, тој ќе влезе во историјата како човек со најголем скок до врвот. На 21 мај, Ѓоковиќ беше рангиран на 22. најниска позиција од 2 октомври 2006 година, кога исто беше под број 22, но на само 19 години. Досегашниот најголем скок во рамките на една сезона е на Андре Агаси од 1999 година, кога тој е 14. на 3 мај, а потоа доаѓа до врвот. Исто така, ако Ѓоковиќ стигне на првата позиција на крајот од ноември, тој ќе биде лидер на табелата со најлош почеток во историјата. Србинот имаше потешкотии на теренот во почетокот на 2018 година и забележа пет победи и пет порази (а потоа и шест - шест) во првите 10 натпревари. Најслабиот почеток на сезоната на крајниот број еден на АТП листата е за Густаво Коуертен - шест победи и четири порази во 2000 година. Уште еден неверојатен факт е дека Ѓоковиќ можеби ќе стане првиот тенисер кој ќе ја заврши сезоната како број еден, без да освоил титула пред „Вимблдон“. Во 1982 година, Џон Мекинро освои само еден трофеј пред турнирите на трева, а засега тој е лидер по овој показател.