Директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон денеска во Тирана имаше средба со Претседателот Илир Мета.
На средбата беше потенцирано „исполнувањето на петте клучни приоритети беа доцнење“, зашто тие се услов за започнуавње на преговори за членство на Албанија во Европската унија.
Претседателот Мета од своја страна рекол дека се залага и воедно упатил апел до владејачкото мнозинство и опозицијата во земјата да се ангажираат за инситуционален дијалог.
- Неопходно е, без одложување да се спроведат пет клучни приоритети. Петте приоритети ја условуваат следната одлука за отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ. Ги повикувам сите страни, во согласност со институционалните одговорности што ги имаат, да се вклучат во институционализиран дијалог. Сите страни да се ангажираат за да се најде решение за итните прашања поврзани со правната држава и правдата, истакна Мета.
Како што соопштија од неговиот кабинет, Мета ја поздравил и Проект-резолуцијата усвоена вчера од соодветната комисија на Европскиот парламент, со која се оценува досегашниот напредок на Албанија и се очекува брзо исполнување на реформите поврзани со европската интеграција на земјата.
Претседателот Мета од своја страна рекол дека се залага и воедно упатил апел до владејачкото мнозинство и опозицијата во земјата да се ангажираат за инситуционален дијалог.
- Неопходно е, без одложување да се спроведат пет клучни приоритети. Петте приоритети ја условуваат следната одлука за отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ. Ги повикувам сите страни, во согласност со институционалните одговорности што ги имаат, да се вклучат во институционализиран дијалог. Сите страни да се ангажираат за да се најде решение за итните прашања поврзани со правната држава и правдата, истакна Мета.
Како што соопштуваат од неговиот кабинет,Мета ја поздравил и Проект-резолуцијата усвоена вчера од соодветната комисија на Европскиот парламент, со која се оценува досегашниот напредок на Албанија и се очекува брзо исполнување на реформите поврзани со европската интеграција на земјата.