Светскиот рекет број 2, Роџер Федерер го започна успешно учеството на турнирот од сериите „Мастерс“ во Шангај, откако го победи Русинот Данил Медведев со 6-4, 4-6, 6-4 во натпревар од вториот круг на турнирот. Медведев се наоѓаше во одлична форма пред овој меч, откако минатата недела ја освои титулата на силниот турнир во Токио, запишувајќи последователни чисти победи над Денис Шаповалов, Милош Раониќ и Кеј Нишикори. За Федерер ова беше првиот официјален натпревар од Ју Ес Опен, а во меѓувреме учествуваше на екипното натпреварување - „Лејвер Куп“. На овој начин носителот на 20 Гренд слем титули се пласираше во осминафиналето на турнирот, каде што ќе се соочи со Шпанецот Роберто Баутиста Агут, кој претходно денеска го победи квалификантот од САД Мекензи Мекдоналд со 3-6, 6-4, 6-1.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 17:51