Одлуката за автокефалност на Украинската црква ќе биде донесена „кога ќе дојде време", изјави членот на Синодот на Вселенската патријаршија, австрискиот митрополит на Вселенската Патријаршија и егзарх на Унгарија, Арсениј.
Митрополитот Арсениј тоа го изјави на маргините на состанокот на Синодот, кој продолжува втор ден во Истанбул.
- Разговаравме за томосот. Одлуката ќе биде донесена кога ќе дојде време, но, Вселенската патријаршија има право да донесе таква одлука, истакна тој.
Запрашан за ставот на Руската православна црква, која е против автокефалноста на Украинската црква, Арсениј одговори: Не сакаме да создаваме нови проблеми, но со Божја помош ќе дејствуваме на таков начин се да е мирно, како што сака Господ.