Новиот ракометар на „Вардар“, Германецот Кристијан Дисингер, веќе се запозна со тимот, а неговите први реакции се исклучително позитивни. Нагласи дека со нетрпение очекува да заигра за „Вардар“ и да се запознае со навивачите.

- По три години поминати во „Кил“, со сите подеми и падови, среќен сум што „Вардар“ ми дава нова ракометна шанса. „Кил“ има одлични фанови, но навивачите на „Вардар“ се апсолутно број eден во Европа. Јас навистина со нетрпение очекувам да ја запознаам оваа земја, народот, културата, големите навивачи и целиот тим на „Вардар“. Ќе дадам се за клубот и се надевам дека можам барем малку да придонесам во успешна сезона, истакна Дисингер.

Германскиот ракометар потпиша двегодишен договор со „Вардар“.

Тој во својата кариера има настапувано за екипите на ТСГ Фреизенхајм (2008-2011), Кадетен (2011-2013), Нептуно (2013), Либек (2015-2015) и од 2015 година за Кил.

За екипата на „Кил“ одигра 130 натпревари и постигна 235 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2018 18:08