Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, наведе дека се радува на добрата игра на неговиот тим и на победата над актуелниот шампион Голден стејт вориорс, но дека нема причина за преголема еуфорија бидејќи станува збор за контролен натпревар од претсезоната.

Лејкерси ги совладаа Вориорс со 123:113, а Џејмс за 18 минути игра оствари 15 поени, десет скока и пет асистенции.

- Двата тима играа со голема енергија, бидејќи се подготвуваме за сезоната. Доста поени добивме од контри – 38, а изгубивме само 19 топки, наспроти нив кои изгубија 25. Тоа е задоволувачки. Интензивно трениравме во изминатиот период и тоа можеше да се види на натпреваров. Сакаме да продолжиме во овој правец, истакна Џејмс.

Сезоната во НБА лигата почнува на 17 октомври, а првиот натпревар Лејкерси го играат против Портланд трејлблејзерс во Орегон.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2018 18:18