Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демократскиот сојуз на Косово, Авдулах Хоти смета дека единственото решение за институционалната криза во која се наоѓа земјата е итното заминување од власт на владејачката коалиција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коментарот на Хоти уследи по денешната средба кај претседателот на Собранието, Кадри Весели на коалиционите партнери со претставници на двете помали опозициски партии, Алтернатива, која има двајца пратеници и Социајлдеморкатската партија на Косово (ПСД), која има десет пратеници, на која се расправаше за резолуцијата за дијалогот со Србија.

Во објава на Фејсбук Хоти напиша дека неговата партија, поддржана и од ВВ и од другите опозициски пратеници Албанци, претходно предложи резолуција за дијалогот, а токму овие кои сега се обидуваат да истуркаат своја резолуција беа против попречувачите на предлогот на ЛДК.

- Како Демократски сојуз на Косово, за до га одбраниме територијалниот интегритет на Република Косово, предложивме Резолуција со која ќе се поставеше главната црвена линија во дијалогот Косово-Србија – територијата на Косово да не биде дел од дијалогот. Тие кои се обидуваат сега да се прошверцуваат во овој дијалог беа главните попречувачи на нашите напори за одбрана на државата, напиша Хоти.

Тој додаде дека „токму таквите докажале повеќе пати до сега дека секогаш кога имаат потреба ги ставаат под знак прашање државноста, меѓународната положба и територијата на државата“.

- На таквите, не само што не треба да им се изгласа резолуцијата, туку час поскоро треба да се симнат од власт, напиша Хоти.

Според шефот на пратениците на ЛДК, единствено вонредните избори ќе придонесат за јакнење на демократијата и на институцииите во земјата.

- Секое доцнење ја прави нашата иднина уште по нејасна, напиша Хоти.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2018 18:26