Реал Мадрид ја започна одбраната на својата титула во Евролигата со победа над Дарушафака Истанбул со 109:93. Шпанците покажаа одлична игра и без Лука Дончиќ, на радост на над 8.000 гледачи. Новите засилувања Габриел Дек и Клемен Препелиќ, како и враќањето во игра на Огнен Кузмиќ беше во основата на силната игра на „белите“. Победниците запишаа 44,1 отсто успешност од тројка (15/34), а најмногу поени постигна Ентони Рендолф - 16. Џеј Си Керол додаде 14, Серхио Љул, Џеф Тејлор и Фабио Козер додадоа по 13. За Дарушафака најпрецизен беше Реј МекКалум со 18 поени. Резултати од вчерашните натпревари во Евролигата: Реал Мадрид - Дарушафака (Истанбул) 109: 93 Панатинаикос - Макаби (Тел Авив) 89:84 Баерн Минхен - Анадолу Ефес 71:90 ЦСКА Москва - Барселона 95:75.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2018 09:29