Фестивалот на дебитантски филм „Киненова“ во рамки на програмата „Балканската филмска уметност како европско културно наследство“ завршува вечер со проекции на „Пред дождот“ во 20 часот во Кинотека на Македонија и „Граница“ на Али Абаси во 22 часот во Кинотека на Македонија).
Оваа програма се реализира надвор од официјалната програма и има за цел преку проекции на овие филмови да поттикне дебата во однос на темите и прашањата кои тие храбро ги отворааат, а се однесуваат на проблемите што се уште го спречуваат либералниот напредок на регионалните општества.
Филмовите од оваа програма одбележаа една етапа од развојот на балканските општества и силно и храбро, преку моќта на универзалниот филмски јазик отворија актуелни болни теми кои ги инхибираа локалните општества каде припаѓаат или од каде потекнуваат авторите но се дел и од поширокиот регионален контекст. Еден од основните вредносни универзални нишки која ги поврзува овие дела е моќта да се воспостави меѓукултурен дијалог и културните и човечките разлики да се претворат во предности.
Целта на оваа програма е преку проекциите на овие филмови да се поттикне дебата по однос на темите и прашањата кои истите храбро ги отвораат, а кои се однесуваат на проблемите кои се уште го спречуваат либералниот напредок на регионалните општества.