Поддршка за Договорот од Преспа и негова комплетна имплементација изразил функционер од Стејт департментот во изјава за грчкиот информативен портал Реал.гр.

На прашањето на дописникот на порталот од Вашингтон, која е позицијата на американската администрација во однос на планот Б на Панос Каменос, што наводно бил презентиран на неговата средба во Вес Мичел, функционерот го повторил ставот на САД, споменувајќи го и резултатот од референдумот.

- Јавно не ги соопштуваме деталите од нашите лични дипломатски разговори, но позицијата на САД е јасна: го поздравуваме резултатот од референдумот во Република Македонија на 30 септември, на кој граѓаните ја изразија нивната поддршка за НАТО и Европската унија со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Цврсто ја поддржуваме целосната имплементација на договорот, кој ќе ѝ дозволи на Македонија да добие законска позиција во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, придонесувајќи во регионалната стабилност, безбедност и просперитет, рекол функционерот од Стејт департментот за реал.гр, јави дописничката на МИА од Атина.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2018 14:52